Ханси Флик е добитник на наградата за најдобар тренер во Ла Лига за месец август, сосема очекувано откако германскиот стратег ја предводеше Барселона до четири победи на своите први четири средби на чело на каталонскиот гигант.
Реал Мадрид два пати се лизна на почетокот од сезоната, но затоа Барса делува моќно, стигнувајќи до максимални 12 бода, притоа постигнувајќи и фантастични 13 погодоци на четири натпревари.
За потсетување, Барса ја отвори сезоната со победа од 1-2 во Валенсија, следеше идентичен триумф на домашен терен над Атлетик Билбао, а потоа победа од 1-2 и на гостувањето против Рајо Валјекано каде каталонците шест години наназад не знаеја за триумф. Најдобрата партија сепак ја сочуваа за последниот меч во август, декласирајќи го Валјадолид со преубедливи 7-0.
Старт од соништата на Флик во новата авантура, но вистинските битки на патот до титулата и трката со Реал Мадрид допрва претстојат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА