Никола Ѓоргиев освои се што можеше да се освои со тимот на Тореј ароус оваа натпреварувачка сезона, откако на трофејот од Царскиот куп македонскиот ас минатиот викенд ја додаде и шампионската титула во јапонското првенство. Со оглед на фактот дека токму Ѓоргиев е најзасужен за двојната круна на Тореј, неслучајно капитенот на македонската репрезентација беше во главна улога и на денешното доделување на наградите на играчите кои ја одбележаа сезоната во В-лигата на Јапонија.
Тој го доби МВП признанието за најкорисен одбојкар во јапонскиот шампионат, како заокружување на супер-успешната сезона што Македонецот ја имаше на Далечниот Исток.
Само за потсетување, Никола Ѓоргиев пред две сезони беше избран и за МВП на првенството на Франција, по одличните настапи што ги имаше во дресот на Париз, по што следеше и трансферот во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА