Хари Кејн ги собра сите признанија во Бундес-лигата оваа натпреварувачка сезона, во која англискиот голгетер стигна и до првата тимска титула во својата фантастична кариера.
Англичанецот беше и најдобар стрелец на сезоната, а згора на тоа денеска беше крунисан и за МВП на сезоната 2024/25 во елитното германско фудбалско друштво.
„Прекрасно е чувството да се биде избран за „играч на сезоната“ овде. Горд сум на ова признание, да се стигне до него во сезоната во која се закитивме и со титулата го прави ова чувство уште попосебно. Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот, без чија помош ова ќе беше невозможно“, изјави Кејн.
Одличниот голгетер сезонава постигна 26 погодоци за Баерн, со што стана прв во историјата на Бундес-лигата што бил најдобар стрелец во своите први две сезони во елитното германско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

