Мартин Томовски ја предводи листата од седум ракометари кои се наоѓаат во идеалниот тим на 29. коло во Бундес-лигата.
Македонскиот голман бранеше одлично на гостувањето против Ерланген на кое собра дури 17 успешни интервенции, доволно за да биде избран за најдобар голман во бундеслигашкото друштво за изминатиот викенд.
Ова е прво вакво признание во кариерата на Томовски, кој летово ќе се врати назад во мак-ракометот потпишувајќи договор со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА