Втора година по ред Анадолу Ефес ја слави европската титула, а втора година по ред со МВП-признанието се закитува истиот кошаркар – Василије Мициќ.
Српскиот плејмејкер беше извонреден во изминатите три дена, ја постигна тројката за победа во полуфиналето со Олимпијакос, а на денешното големо финале беше најдобар стрелец со вкупно 23 поени. Мициќ има уште две години од договорот со Ефес, но не ја исклучува можноста во текот на летово да се пресели во НБА-лигата.
За најдобар кошаркар на големото финале беше избран центарот на Ефес, Тибор Плајс, кој беше извонреден во завршницата од финалето и го заврши мечот за титулата со 19 поени, 7 скокови и две блокади.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА