Руд ван Нистелрој беше привремено решение како тренер на Манчестер Јунајтед по отказот на Тен Хаг, а легендарниот голгетер максимално ја оправда довербата, на четири средби бележејќи три победи и едно реми, со 11 постигнати и три примени погодоци.
Тој останува миленик на фановите уште од играчките денови, а навивачите не заборавија да му се заблагодарат за сработеното во овој краток период, па по денешниот триумф над Лестер, Ван Нистелрој беше со овации поздравен од присутните на „Олд Трафорд“.
Холанѓанецот веќе најави дека е подготвен да остане како помошен тренер ако тоа биде побарано од него, но со оглед на фактот дека Аморим со себе го носи целиот стручен штаб од Спортинг, огромни се шансите дека Ван Нистелрој во следните денови и официјално ќе си замине од Манчестер.
Man United fans x Ruud van Nistelrooy. ✨ pic.twitter.com/F1QnkjsU4i
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА