Заслужено: Томовски го предводи тимот на колото во Германија

Мартин Томовски имаше извонредно официјално деби на голот на Битигхајм, откако токму македонскиот голман беше најзаслужен за победата на стартот од новата сезона во втората Бундес-лига.

Томовски беше брилијантен бранејќи вкупно 20 удари на противничките ракометари, со извонреден просек од 47% успешност, па Македонецот сосема заслужено го предводи и идеалниот тим што редовно се избира од страна на Бундес-лигата, за првата и втората лига во германскиот шампионат.

фото: Instagram/ 2handballbundesliga

Се вчитува...