Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, апсолутно заслужено се закити со признанието МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Војдан одигра лидерски, погодуваше кога беше најпотребно за својот тим, даде значаен придонес и во одбраната и заслужено за првпат се закити со ова индивидуално признание, при третиот освоен куп-пехар во кариерата.
Војдан Стојановски во финалето постигна 16 поени, надополнети со осум скокови, три асистенции и три украдени топки, притоа изнудувајќи и седум прекршоци од противничките кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА