Заслужено: Жарко Пешевски во тимот на колото во ЛШ

Жарко Пешевски одигра маестрално во нападот на Е. Пелистер, предводејќи го македонскиот првак до триумф над Пик Сегед, за само втора победа сезонава за битолчани во елитното европско натпреварување.

Пешевски беше енигма за гостите од Унгарија, македонскиот пивот постигна седум гола без промашување, последниот со мајсторски шут со левата рака под фаул од противниците, со што заслужено беше избран за најдобар пивот во седмото коло од Лигата на Шампионите.

Пешевски се најде во избрано друштво што го предводи најдобриот светски ракометар Матијас Гидсел како најдобар десен бек, воедно и МВП на колото, потоа Биоска, Елисон, Мартим Коста, Грендал, Алеиш Гомез… како и специјалистот за одбрана Макс Дарј.

Се вчитува...