Засрамениот фудбалер се оправда: Ќерка ми ја викам – моја девојка!

Мохамед Анас се „прослави“ како играч на натпреварот во кој постигна два гола, а потоа возбуден пред камерите и се заблагодари на сопругата и на девојката. Видеото со необичната порака со денови се вртеше на интернет, но фудбалерот на јужноафриканскиот тим Фри Стејт Старс, ја објасни непријатната ситуација.

„Сега сум славен, луѓето ме знаат. Но, моето семејство знае дека ќерката ја викам „моја девојка“. За тоа зборував. Немам друга девојка“ – вели Анас и додава:

„Многу ја сакам мојата сопруга. Ми подари две прекрасни деца. Таа знае каков сум и воопшто не се загрижи“.

anas

Се вчитува...