„Засрамете се… Како можат фудбалери на Барса да се заблагодаруваат на луѓе кои убиваат украински деца“

Фудбалерите на Барселона Серџи Роберто и Балде го навлекоа гневот на фановите ширум светот по видеото во кое што им се заблагодаруваат на руските фанови на нивниот клуб.

Последни излегоа од екипата на Шахтјор Доњецк кои се запрепастени од двајцата фудбалери на Барса за последното видео во кое се заблагодаруваат на фановите од Русија.

„Додека нашите војници се рехабилитираат од повредите кои ги добија во борбата за Украина, фудбалерите на Барселона Роберто и Балде им се заблагодаруваат на руските фанови. Како можете да се заблагодарувате на луѓе кои убиваат украински деца“, стои во соопштението од Шахтјор. 

Се вчитува...