Застрашувачки нокаут: Погледнете како Џошуа го „патосираше“ Нгану (ВИДЕО)

Пет минути и 38 секунди, толку траеше борбата во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа (28-3-0) и Френсис Нгану (0-2). Многу боксерски критичари и експерти предвидуваа победа на Џошуа, но малкумина веруваа дека Џошуа толку брзо ќе го заврши својот противник.

Џошуа е технички многу подобар боксер од Нгану, но Нгану сепак покажа одредено знаење и вештина на мечот против Тајсон Фјури. Исто така, Нгану е познат по својата „гранитна“ одбрана и никогаш не бил нокаутиран во професионалната кариера.

Стипе Миочиќ на првиот меч го удри Нгану со „бомби“, малку го потресе, но не можеше да го собори. Во ниту еден момент од борбата од десет рунди Фјури не успеа да го затресе Френсис, но за Џошуа сето тоа не беше проблем.

Џошуа ја забележа 25. победа со нокаут во професионалната кариера, а пред да го нокаутира Нгану двапати го собори. Десната рака на 34-годишниот англиски тешкаш го замрзна „предаторот“ во „Кингдом арената“ во Ријад.

Се вчитува...