ЗАСТРАШУВАЧКИ НОКАУТ: Судијата дозволи брутална егзекуција на Америкенец (ВИДЕО)

Кубанецот Робелис Деспењ е новиот шампион во тешка категорија во организацијата на Карате Комбат. Тој брутално го ‘успи’ Сем Алви во втората рунда во Мајами.

Деспењ брутално го нокаутираше поранешниот шампион Сем Алви во втората рунда, но сите беа изненадени од фактот дека судијата дозволи борбата да продолжи по два нокаута, а Американецот видливо беше потресен.

Потоа следеше висок удар со нога со кој заврши приказната. Несреќниот Алви е ‘успиен’, а гледачите се во неверица.

„Судијата штотуку дозволи брутално погубување на Сем Алви“, е еден коментар на социјалните мрежи, додека други додаваат:

„Ужасно судење. Тргнете го овој човек од спортот. Се надевам дека Сем е добро. Судијата мора да биде казнет. Ова е обид за убиство. Глупости од судијата. Мораше веднаш да го прекине натпреварот, Сем претрпе непотребна штета, можеби дури и опасна по живот.“

Ова се само дел од коментарите од лутите навивачи и нема сомнение дека се апсолутно во право. Ова беше навистина ужасно судење и прекинот на борбта мораше да дојде порано.

Робелис Деспењ заврши со 7-0 во Карате Комбат. Тој победи во шест борби со нокаут и ја освои титулата шампион.

Да ве потсетиме, поранешниот бронзен олимпиец во теквондо имаше нереален почеток на својата ММА кариера. Ги уништи противниците за неколку секунди и со првиот удар, но следеа два последователни порази во УФЦ (5-2), по што ја напушти промоцијата и потпиша за Карате Комбат.

Се вчитува...