Фудбалскиот репрезентативец на Панама, Амилкар Енрикез, е смртно застрелан во близина на градот Нуево Колон, соопшти британскиот „Мирор“. Тој бил жртва на престрелка од автомобил, при што многу побрзо им подлегнал на раните. Амилкар Енрикез беше член на тимот Арабе Унидо.
33-годишниот фудбалер по инцидентот бил одведен во болница во Сабанитас, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.
„Искажуваме сочувство за смртта на нашиот репрезентативец Амилкар Енрикез“, стои на официјалната страница на Фудбалската федерација на Панама.
Енрикез дебитираше за Панама во 2005 година и има одиграно 75 натпревари за националниот тим, а последниот на 28 март оваа година, кога дуелот со селекцијата САД заврши 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА