Тони Крос се врати во националниот тим за да помогне Германија да се прикаже во што подобро светло на ова „домашно“ Европско првенство, а асот на Реал Мадрид уште на првиот меч потврди зошто е фудбалски генијалец, оставајќи многумина да жалат за неговата одлука летово да стави крај на неверојатната кариера.
Особено импресивен беше неговиот настап во првото полувреме вечерва против Шкотска, 45 минути што Крос ги одигра перфектно.
Тој имаше вкупно 55 успешни додавања, со стопроцентна успешност, имаше 5/5 прецизни долги додавања, од кои она првото до Кимих ја отвори акцијата за почетниот погодок на Фабијан Вирц.
Вистински мајстор на фудбалската игра, генијалец на средината од теренот каков што германскиот фудбал уште долго ќе нема…
Toni Kroos first half vs Scotland: 🇩🇪😮💨
55/55 passes completed (100%)
5/5 long balls completed (100%)
1/1 ground duels won (100%)
1 key pass pic.twitter.com/1oNhAc5wfL— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) June 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА