Затоа е фудбалски генијалец – Лука Модриќ со мајсторија ја носи Хрватска во водство (видео)

Лука Модриќ ја демонстрираше својата фудбалска генијалност постигнувајќи фантастичен погодок во Глазгов, за водство на Хрватска од 2-1 на дуелот против Шкотска.

„Коцкестите“ имаа долга акција во која по безброј додавања топката стигна до шеснаесетникот, а потоа беше одиграна повратно до Модриќ, кој маестрално, со удар со надворешниот дел од копачката ја смести во горниот дел од мрежата.

Хрватска само со победа оди во осминафиналето од ЕВРО 2020, истото се однесува и за Шкотска, а доколку вечерашниот меч заврши нерешено, тоа ќе значи пласман во следната рунда на селекцијата на Украина како една од најдобрите третопласирани селекции.

Се вчитува...