Затоа е миленик на АЕК: Тричковски влезе и го спаси својот тим од пораз (видео)

Иван Тричковски е спасителот на АЕК Ларнака откако македонскиот ас се покажа како „златна резерва“, влегувајќи во игра и обезбедувајќи еден бод за својот тим на домашениот дуел против Хлорака.

Гостите неочекувано имаа водство се до самиот финиш, кога на сцена стапи Тричко-гол. Македонецот влезе во игра на триесетина минути до крајот, а се снајде најдобро кога беше најважно, во 89. минута стрелајќи прецизно за конечните 1-1 на овој натпревар.

АЕК Ларнака останува на првото место на табелата со 54 бода, сега пет повеќе и натпревар повеќе во однос на второпласираниот АПОЕЛ.

 

Се вчитува...