Затоа што не се ужаснувате од расизмот и од хомофобијата, затоа ништо не се подобрува – моќен говор на Меган Рапино

Најдобрата фудбалерка во светот за 2019 година во изборот на ФИФА, Меган Рапино, која ја предводеше американската репрезентација до планетарната титула на мундијалот во Франција минатото лето одржа моќен говор при примањето на признанието. Рапино речиси исто колку по фудбалот во светот е позната и по отворено искажаните ставови и критики на повеќе теми поврзани со овој спорт, но и со политичката ситуација во САД.

Таа ги повика репрезентативките на САД да не одат на прием во Белата куќа кај претседателот Трамп поради неговите политики. Рапионо е во судски процес со американската фудбалска федерација во кој се бори за израмнување на платите во женскиот и во машкиот фудбал.

„Затоа што од расизмот во фудбалот беа ужаснати само Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали, а не сите што се инволвирани во спортот, затоа работите не се подобруваат. Ако сите се ужаснуваат од расизмот и хомофобијата, ако сите освен жените се ужаснуваат од нееднаквоста на платите и малите инвестиции во женскиот фудбал, тоа ќе биде најинспиративната работа за мене. Имаме исклучителна можност како славни имиња од фудбалот да влијаеме работите да се менуваат“ – рече Рапино.

Пред да и биде предадена наградата на Рапино и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, порача дека треба да се направи многу повеќе во борбата со расизмот кој е недозволив на фудбалските терени.

 

 

Се вчитува...