Шпанските судови значително ја заоструваат борбата со фудбалските хулигани, доказ за тоа е и денешната пресуда за затворски казни за четири навивачи на Атлетико Мадрид, за нивниот однос во пресрет на градското дерби со Реал.
Видео-снимките покажаа дека овие четири лица учествувале во бесењето на кукла со дрес на Реал со името на Винисиус на еден од мостовите во Мадрид, што е оценето како акт на расна омраза кон фудбалерот на „кралскиот клуб“.
Згора на тоа, еден од навивачите ширел и расизам преку социјалните мрежи, па тој мина и најлошо, ќе мора да мине една година и девет месеци зад решетки, додека останатите тројца се казнети со по една година и два месеци затворска казна.
Исто така, сите четворицаа имаат забрана за влез на фудбалските стадиони во Шпанија во наредните четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

