Ф1 тимот на Заубер ја промовира Татјана Калдерон како нов тест-возач за сезоната 2018. Досега 24-годишната Колумбијка во тимот беше само возач за развој на болидот.
Основната задача на Калдерон ќе биде да прави тренинг сесии во симулатор и да работи со инженерите за време на натпреварувачките викенди и во централата на тимот Хинвил во Швајцарија. Од Заубер се уште не соопштиле дали Калдерон ќе има можност да го тестира и болидот за време на слободните сесии во текот на сезоната.
Татјана Калдерон е втората жена возач што ја ангажира тимот на Заубер. Пред четири години во тимот беше Симона де Силвестро.
Калдерон изрази големо задоволство од укажаната доверба и можноста да биде дел од Формула 1. Во однос на актуелното прашање за вклучувањето на жените во „машката“ Формула 1, Калдерон вели дека не гледа физичка пречка.
„Факт е дека ние жените сме различни од мажите, и ние имаме помала мускулна маса, но јас можам тоа да го надополнам со тренинзи“ – вели Татјана Калдерон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА