Само четири дена пред трката за ГН на Азербејџан, Ф1 тимот на Заубер остана без директората Мониша Калтенборн. По седум трки во Ф1 шампионатот, Заубер има четири бода во кокуренција на конструктори и моментно е на предпоследното место пред Мекларен кој е без бодови. Тоа донесе кадровски промени и тоа непосредно пред трката во Баку.
Калтенборн е првата жена-шеф на тим во Формула 1. Во Заубер дојде во 2012 како замена за Петер Заубер. Во наредните сеозни под нејзино водство, Заубер имаше скромни резултати и се бореше со финансиски проблеми.
Пред еден месец од Заубер открија дека од 2018 година ќе ги користат моторите на Хонда, а тоа предизвика спротивстваени ставови во тимот бидејќи со моторите на Хонда, Мекларен се мачи цела сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА