Заубер веќе профитира – доаѓа Кими, доаѓаат и спонзорите

Кими Раиконен од следната сезона ќе го замени Ферари со Заубер. Враќањето на Финецот таму каде што ја почна Ф1 кариерата веќе ги носи и првите бенефиции во Заубер.

Шефот на тимот, Фредерик Васер, откри дека откако е потврдено дека Кими Раиконен се враќа во Заубер, редица спонзори пројавиле интерес да инвестираат во тимот.

„Веста за враќањето на Кими се одрази многу силно на нашиот маркетинг. Мислам дека ќе го откриваме неговото влијание и во иднина. Во нашиот тим ќе биде еден од трите светски шампиони што ќе се појават на стартот во Ф1 шампионатот следната година, тоа е извонредно. Добиваме понуди од потенцијални спонзори од сите области. Ова е непознато чувство за нас, веројатно го потценивме влијанието што ќе ни го донесе Кими“ – изјави Васер.

Според првиот човек во тимот на Заубер, Кими Раиконен ќе има клучна улога и во развојот на нивниот болид, благодарение на огромното искуство и работата со инженерите од Ферари.

Се вчитува...