Кривичната истрага против претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Џани Инфантино во врска со тајните средби со главниот швајцарски обвинител и адвокат Михаел Лаубер е официјално затворена, потврди швајцарското Јавно обвинителство.
Инфантино дојде на чело на ФИФА во 2016 година за да го „исчисти“ корупцискиот хаос што настана за време на мандатот на Сеп Блатер.
На почетокот на 2020 година, самиот Инфантино се најде во центарот на истрага и потенцијален скандал.
Речиси три години подоцна, истрагата е завршена и, наводно, не открила ништо сомнително или прекршување на правилата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА