Тијаго Алкантара пред неколку години пристигна во Ливерпул како големо засилување од Баерн Минхен, но честите повреди го спречија шпанскиот плејмејкер да блесне во сиот свој сјај во тимот на Јирген Клоп.
Тоа е случај и оваа сезона, откако Тијаго влечеше незгодна повреда, успеа да се врати само за момент, па пак се повреди и сега реиси сигурно нема да може да се врати до крајот на мај. Шпанецот има договор со клубот до крајот на оваа сезона, а веќе на сите им е јасно – продолжување на соработката нема да се случи и Тијаго летово како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“.
Клубови од Саудиска Арабија и во текот на минатото лето се интересираа за извонредниот плејмејкер, но тој тогаш јасно стави до знаење дека нема намера да се пресели во оваа држава. Барселона не ја крие желбата да го врати назад во своите редови фудбалерот кој си замина во 2013, а во прилог на каталонците оди и фактот дека нема да мора да платат отштета, што е многу важно ако се знае во каква криза се наоѓа овој клуб.
Секако, опција е и преселба во САД, па останува да се види за каков чекор ќе се реши 32-годишниот Тијаго, кој доколку ги надмине проблемите со повредите ќе може да одигра уште неколку сезони на највисоко ниво пред да ја заврши кареирата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА