Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски ја прекина соработката со унгарскиот тим Атомерму, откако клубот процени дека не биле остварни нивните цели.
Атомерму во моментов е на седмата позиција шампионатот на Унгарија со скор од седум победи и шест порази, што беше доволно за унгарскиот тим да се раздели со нашиот стратег.
„Нашиот клуб го раскина договорот со главниот тренер Александар Јончевски. Му посакуваме многу успех во иднина“, објави Атомерму.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

