Заврши бајката за чилеанскиот тенисер Алехандро Табило кој го одигра најдобриот турнир во кариерата. Тенисерот на патот до полуфиналето во Рим го елиминираше и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ сепак не успеа да направи ново изненадување откако загуби од Германецот, Александер Зверев со 2-1, по сетови 6-1, 6-7 и 6-2.
Чилеанецот неверојатно го отвори мечот и за само 32 минути игра успеа фуриозно да го освои првиот сет со 6-1. Во вториот сет следеше вистинска битка во која на крајот посреќен беше Зверев славејќи во тај-брејкот со 7-6 по час и петнаесет минути игра.
Во третиот сет Табиљо немаше сила за ништо повеќе, па Зверев рутински го доби со 6-2 за финале во Рим. Таму за противник го чека подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат вториот Чилеанец, Николас Џари и Американецот, Томи Пол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

