Со денешните натпревари од 34. коло и дефинитивно беше означен крај на сезоната во Бундес-лигата, од кое најразочарани беа навивачите на Хамбургер. Нивниот тим денеска славеше над Борусија Менхенгадбал со 3-1, но триумфот на Волфсбург над Келн значеше дека екипата од Хамбург дефинитивно ги загуби сите шанси за опстанок.
Неочекуван дебакл доживеа шампионот Баерн, кој на последниот меч на Јуп Хејнкес на „Алијанц арена“ беше декласиран од Штутгарт со 1-4. Баерн настапи со своите главни ѕвезди, но опуштеноста поради осигураната титула го стори своето, па гостите максимално ги казнија нивните грешки за преубедлива победа среде Минхен.
Највозбудливо беше во битката за место во Лигата на шампионите, каде се водеше борба за две позици крај Баерн и Шалке. На крајот Хофенхајм, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен завршија со ист број на бодови, но во трката извисија „фармацевтите“ поради најслаба гол-разлика. Баер имаше водство од 3-0 против Хановер и му недостигаа уште два погодоци за да излезе пред Борусија, потоа во 84. минута на овој тим му беше поништен пенал по прегледување на снимката со ВАР, за Хановер во самиот финиш да постигне два гола и да ги закопа надежите на тимот од Леверкузен за враќање во елитното европско натпреварување.
Резултати Германија:
Баер Л. – Хановер 3-2, Баерн М. – Штутгарт 1-4, Фрајбург – Аугсбург 2-0, Хамбургер – Борусија М. 2-1, Волфсбург – Келн 4–1, Хофенхајм – Борусија Д. 3-1, Херта – Лајпциг 2-6, Мајнц – Вердер 1-2,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА