Заврши ерата на Галијани во Монца

Членот на Серија Б Монца, денес официјално објави дека премина во сопственост на „Бекет Лејн Венчрс“. Американската инвестициска фирма купи 80% од акциите на клубот, додека преостанатите 20% останаа кај претходните сопственици „Фининвест“, но и тие ќе бидат продадени на „БЛВ“ до јуни следната година.

Заедно со веста за продажбата на клубот, неговиот извршен директор Адријано Галијани потврди дека се повлекува од својата сегашна позиција, и покрај тоа што му беше понудена улогата на претседател.

„Ова беше тешка одлука што ја донесов за подобро да се посветам на другите активности во кои сум вклучен. Но, исто така сакам да им дадам на новите сопственици и менаџери целосна слобода да ја изразат својата визија и да ги остварат своите проекти. Меѓу нив е и враќањето на Монца во Серија А по историското достигнување што првпат беше постигнато под водство на Фининвест, исполнувајќи ја желбата на претседателот Силвио Берлускони“, рече Галијани.

Легендата на Милан ја презеде Монца во 2018 година кога Силвио Берлускони го купи клубот. Двајцата го предводеа тимот до историска промоција во Серија „А“ каде што играа три години, пред да испаднат минатата сезона. Дури и по срмтта на Берлускони во 2023 година, 81-годишниот Галијани продолжи да ја води Монца се до продажбата.

Се вчитува...