Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица ги потврди лошите прогнози околу повредата на македонскиот интернационалец Аријан Адеми. Според него, Адеми ќе го нема во тимот до крајот на годината, односно тој веќе заврши со играње фудбал за 2024 година.
Адеми доби повреда на мечот со Славен Белупо, и се чекаа лекарските прогнози за да се види колку ќе мора да паузира. Прегледите покажаа дека ќе мора да паузира најмалку три недели.
„Адеми отпадна до крајот на годината“, рече Бјелица за повредата на поранешниот македонски репрезентативец.
Адеми одигра 19 минути во ремито со Славен, по што заработи повреда, и затоа не беше во комбинација за мечот со Селтик во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

