Покрај Супер-лигата, денеска заврши и разигрувањето за опстанок во елитното кошаркарско друштво со комплетирањето на последното коло од плеј-аут натпреварувањето. Карпош соколи и Струмица се екипите кои ги освоија последните две места на табелата, кои значат преселба во Втората лига за наредната сезона.
„Соколите“ денеска славеа на дуелот против Шкупи со 121-91, што сепак беше недоволно за актуелниот вицешампион да обезбеди опстанок во елитата. Со пораз сезонава ја заврши и Струмица, чии кошаркари загубија со 80-70 на гостувањето против Пелистер. Струмичани ја завршија сезоната со четири победи и 28 порази, сосема заслужено останувајќи заковани на фенерот од табелата.
Фени индустри славеше на натпреварот со Кожув со 82-75, освојувајќи го првото место во плеј-аутот откако кавадарчани за малку не обезбедија пласман во Супер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА