Заврши кадетското ЕП во Скопје: Полска на тронот

Со суперинтересното финале меѓу Полска и Белгија беше означен крајот на Европското Првенство – Б дивизија за кошаркари до 16 години што се одржуваше во Скопје.

Македонија повторно се покажа како добар домаќин, а возбудувањата во салата „Јане Сандански“ кулминираа со одличното финале во кое Полска славеше со минимални 68-67, со двете слободни фрлања што ги реализираше Лата на две секунди до крајот. Пласман во А-дивизијата обезбедија двата финалисти, како и третопласираната Чешка која во малото финале ја декласираше Португалија со 85-67.

За МВП на шампионатот беше избран Арон Она Ембо од Белгија, кој ја предводеше и најдобрата петорка на првенството во која се најдоа и Мигел Соуса (Португалија), Хуберт Свирудовиц и Лукаш Лушек (Полска) и Марек Хушка (Чешка).

Македонската кадетска репрезентација целосно разочара на овој шампионат, со само една победа на домашен терен во Б-дивизијата стигнувајќи до прескромното 16. место.

Се вчитува...