Во организација на МТКФ од 18. до 26. јуни во Неа Флогита, Грција се одржа 50. Летен карате семинар и турнир “Неа Флогита 2017“. На семинарот учествуваа вкупно 68 каратисти од Македонија, Грција и Србија.
Семинарот го водеа проф. Венцислав Недев 9 дан и м-р. Дејан Недев 6 дан, а беше подготвителен за членовите на државната репрезентација кои од 3. до 5. ноември 2017 година ќе настапат на Светскиот фудокан карате шампионат во Клуж, Романија и од 1 до 3 декември 2017 ќе бидат присутни на Обединетиот светски карате шампионат во Монтекатини, Италија.
На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир „Неа Флогита 2017“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА