Кире Лазаров и Дејан Манасков го искористија првиот дел од летото за да ги „наполнат батериите“, за од денеска и двајцата македонски репрезентативци да означат почеток на работните обврски за наредната сезона.
Лазаров се јави на првата прозивка во Нант, тим што летово претрпе сериозни промени на играчки план, но и на тренерската функција, каде Анти му го препушти своето место на Ентрериос. Македонскиот „бомбардер“ останува еден од главните адути на Нант и во наредната сезона, во која францускиот клуб нема да учествува во Лигата на шампионите, туку во ЕХФ-Купот.
Дејан Манасков минатата сезона ја заврши со круна во Унгарија и пласман во финалето од ЛШ, а желбата на крилниот ракометар и на неговите соиграчи е конечно да се освои и првата европска титула во клупската историја. Веспрем летово остана без Наѓ и Илиќ, кои ги завршија кариерите, како и без голманот Миклер, но овој тим се уште важи за еден од главните фаворити во битката за титулата во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА