Заврши љубовта: Џенова му врачи отказ на Виеира

Французинот Патрик Виеира не е повеќе тренер на Џенова. По слабите изданија и последното место на табелата со само три освоени бодови, очекувано, легендарниот фудбалер доби отказ од италијанскиот тим.

„Клубот сака да се заблагодари на тренерот и неговиот стручен штаб за посветеноста и професионализмот кој го покажаа во текот на целата нивна работа, и им посакува се најдобро во нивните идни кариери“, стои во соопштението на Џенова.

Се вчитува...