Завршија конечно маратонските преговори околу трансферот на Матијас Де Лихт кој утре и официјално ќе биде промовиран како нов фудбалер на Јувентус.
Тимот од Торино успеа да ја добие битката за најбараниот млад фудбалер на денешницата пред Барселона и ПСЖ. Преговорите меѓу Ајакс и Јувентус траеја цела ноќ завршувајќи позитивно рано утрово, пренесува „Гезета дело спорт“. Во се посредуваше Мино Раиола, контроверзниот застапник кој добива уште една „зделка“.
Де Лихт вечерва треба да допатува во Торино, утре го очекуваат лекарски прегледи и веќе од следниве денови ќе биде на располагање на Маурицио Сари.
Стоперот ќе го чини Јувентус 70 милиони евра, а во договорот ќе биде вклучена и откупна клаузула во висина од 150 милиони евра. За Раиола, на име гарантирана провизија, ќе припаднат 11 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА