Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на тренинзите како дел од подготовките за продолжението од сезоната.
Ѓоковиќ се одмори откако Србија остана во елитата на Дејвис купот совладувајќи ја Грција во Белград. Тој немаше многу време за одмор, нешто помалку од десет дена, па веќе се врати на тренинзите со својот тим во Белград.
Ѓоковиќ ќе учествува на Мастерсот во Шангај, што ќе биде негово враќање на турнир во Кина по пет години. Во Шангај се очекува учество на сите најдобри тенисери на планетата, а Новак најверојатно ќе биде за четврти носител, зад Синер, Зверев и Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА