Рајо Ваљекано не успеа да ја продолжи позитивната низа од пет меча без пораз во Ла Лига и вечерва загуби на домашен терен од Леганес со 1-2. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на голот на Рајо, но не беше немоќен во два обиди на противничките играчи.
Брајтвајт го доведе Леганес во водство, а иако гостите останаа со играч помалку во 56.минута поради исклучувањето на Ниом, стигнаа до цел плен. Гарсија израмни во 83.минута, но само две минути подоцна Ен Несири го совлада Димитриевски за победа на Леганес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА