Викендов се одржа долгоочекуваниот спортски спектакл, официјалниот „3х3“ баскет турнир. Настанот кој поради временските услови овој викенд започна во саботата донесе многу забава, атракција, и квалитетна натпревари за гледање. Целата организација имаше налик на најголемите светски случувања од ваков тип.
Во натпреварите на 3х3 учествуваа 14 екипи, а победници беа екипата на Кантина кои беа супериорни во текот на целиот турнир и освоија награда во износ од 1500 евра и слот за Satellit турнирот во Бар, Црна Гора. Второто место го освоија екипата на Баду и награда од 500 евра и слот за Satellit турнирот во Приштина. На овој дводневен настан, имаше и натпревари во забивање каде победник беше Христијан Ристов како, и натпревар во тројки на кој победата ја однесе Ѓорѓи Гетов.
На 5-то ниво на катната гаража во Скопје Сити Мол овој викенд можеа да се видат многу познати личности од спортот, музиката, како и голем број на посетители вљубеници во баскетот.
Според организаторите настанот е светски и заслужува големо влијание.
„Задоволни сме од тоа како помина првиот 3х3 турнир и покрај временските услови кои беа голем проблем за време на викендот. Голема благодарност до Скопје Сити Мол, како и до сите оние кои го поддржаа овој спектакл. Честитки до сите екипи кои придонесоа публиката да има максимално уживање” – изјави Драган Караџовски, претседател на „3х3“ Македонија и координатор на „3×3“ натпреварувањета на МКФ.
Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните олимписки игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската кошаркарска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА