Заврши регуларниот дел од пинг-понгарската лига

На 08.05.2022 се изиграа последните кола од Супер лигата и Првата лига на Македонија и со тоа се комплетираа резултатите од сите изиграни натпревари за сезоната 2021/22.

Во Супер лигата екипите на ППК Крива Паланка 2007, ППК Младост 96, ППК Шампион Фа и ППК Телеком Нец 2 ќе играат Плеј офф за одредување на шампион на Македонија. Екипата на ППК Младост е пред екипата на ППК Рисови заради подобар скор на добиени/изгубени сетови во меѓусебните дуели (23/22) . Екипата на ППК Радовиш е пред екипата на ППК Работнички заради подобар скор на добиени/изгубени сетови во меѓусебните дуели (28/26). Овие две екипи ќе играат бараж за опстанок во Супер лигата со екипа од Прва лига. Екипата на ППК Вардар испаѓа од Супер лигата и следната сезона 2022/23 ќе игра во Прва лига.

Во Прва лига екипите на ППК Зегин Берово и ППК Крива Паланка се пласираат дирекно во Супер лигата во сезоната 2022/23. Екипите на ППК Телеком Нец и ППК Кочани ќе играат Бараж натпревар со екипа од Супер лига за влез во Супер лигата за сезона 2022/23. Екипите на ППК Дебар Маало и ППК Кратово ќе играат бараж натпревари со екипа од Втора лига за место во Првата лига за сезона 2022/23.

Плејофот ќе започне на 21.05 со првиот полуфинален натпревар. Бараж натпреварите за влез во Супер лига ќе се играат на 22.05, а бараж натпреварите за влез во Прва лига ќе се играат на 04.06.

Се вчитува...