Заврши сагата околу регистрацијата на Олмо, но сега нема да игра поради повреда

Барселона пред неколку дена стави крај на сагата околу регистрацијата на Дани Олмо. Каталонскиот тим успеа навреме да ги заврши сите процедури околу регистрацијата на шпанскиот репрезентативец, и тој играше во финалето на Супер-Купот против Реал Мадрид.

Меѓутоа Олмо сега ќе мора да паузира извесен период, поради повреда. Олмо има повреда на десната нога и сигурно ќе го пропушти следниот меч во Лигата на шампионите против Бенфика на гостински терен, а можеби уште еден во Ла Лига.

Враќањето на тренинзите ќе зависи од закрепнувањето од повредата, велат од клубот.

Се вчитува...