Заврши сагата: Тотенхем го промовираше Романецот Драгушин!

Крај на зимската трансфер-сага во Англија. Тотенхем и официјално го промовираше романскиот репрезентативец Раду Драгушин.

21-годишниот досегашен фудбалер на италијанската Џенова потпиша договор со важност до 2030 година со тимот од Лондон. Тотенхем на Џенова и плати отштета од 30 милиони фунти, плус испраќајќи го и Џед Спенс на позајмица во италијанскиот тим.

Претходно Тотенхем, низ зимскиот преоден рок, го ангажираше и Тимо Вернер.

Се вчитува...