Манчестер Јунајтед е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите, откако не успеа да слави на „Олд Трафорд“ против Челси. „Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 и останаа на шестата позиција, а менаџерот Оле Гунар Сослкјер загуби и двајца фудбалери. Дефанзивецот Ерик Баи го повреди коленото и за него сезоната е завршена, а неизвесен е и настапот на Маркус Рашфорд.
„Ерик Баи се здоби со повреда на коленото и за него сезоната е завршена. Ќе треба да мине детални лекарски прегледи и се надеваме дека повредата не е најстрашна. Што се однесува до Рашфорд, тој се пожали на болка во рамото. Не знам како ќе се одвива и неговото опоравување“, изјави Солскјер по ремито со Челси.
На две кола до крајот на шампионатот, Манчестер Јунајтед има 65 бода, три помалку од четвртопласираниот Челси и еден бод помалку од Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА