Шпанскиот прволигаш Валенсија остана без услугите на дефанзивецот Езекиел Гарај до крајот на сезоната. Тој заработи сериозна повреда на коленото на мечот против Селта. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Гарај ги скинал лигаментите на десното колено и ќе мора да замине на операција.
Во досегашниот дел од сезоната Езекиел Гарај одигра 17 натпревари за Валенсија. Тој дојде на „Месталја“ во 2016 година од Зенит, а претходно играше и за Реал Мадрид, Сантандер и за Бенфика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

