Офанзивниот фудбалер за врска на Евертон, Гилфи Сигурдсон, вчера заработи сериозна повреда во победата од 2-0 против Брајтон со која би можел предвреме да ја заврши сезоната. Според англиските медиуми, Сигурдсон ги скинал лигаментите на десното колено, и ќе мора да оди на операција по која би се опоравувал до девет месеци, додека оваа вест ја потврдија братот и таткото на фудбалерот.
Ова е тежок удар за Евертон, како и за исладнската репрезентација која се подготвува за дебитантски настап на Светското првенство, а по сите изгледи ќе бидат без нивниот најдобар поединец. Сепак, Гилфи во наредните денови треба да побара и второ мислење, односно да помине низ неколку нови прегледи со кои би се утврдила сериозноста на повредата.
28-годишниот фудбалер одигра 33 натпревари на кои постигна шест погодоци и пет асистенции за „карамелите“ откако пристигна на „Гудисон парк“ минатото лето за неверојатни 49.5 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА