Заврши сезоната за Лук Шо

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо во неделниот дуел против Свонси заработи нова повреда на лигаментите со што ја завршува сезоната порано од предвиденото. Младиот англиски репрезентативец во текот на неговата цела кариера се мачи со повреди, поради кои често се наоѓаше на удар на Жозе Мурињо во текот на оваа сезона.

Шо пропушти добар дел од сезонава поради повреда, потоа се мачеше да го убеди Мурињо дека заслужува да биде меѓу првите единаесет, а сега кога доби шанса, Англичанецот повторно ќе мора на пауза. Шо го напушти теренот во деветтата минута од мечот, ја надополни листата на повредени играчи заедно со Ерик Бeили му зададе нови главоболки на Мурињо.

Поранешниот играч на Саутемптон ќе ги пропушти полуфиналните дуели во ЛЕ против Селта Виго, како и дерби натпреварите со Арсенал и Тотенхем во Премиер лигата, а нема да биде достапен и за дуелите со Саутемптон и Кристал Палас.

Добра вест за Мурињо е што Погба и Џонс денеска тренираа со остатокот од тимот, па би требало да бидат подготвени за настап на пресметката со Селта.

Се вчитува...