Џенова, каде настапува нашиот репрезентативец, Горан Пандев, се соочува со големи проблеми во својот состав. Првиот голман на тимот, Матија Перин, беше повлечен од игра на дуелот против Рома, поради повреда на коленото и за него сезоната е завршена, пренесуваат од клубот.
Тој беше повлечен од игра со солзи во очите после само осум минути поминати на теренот, а после деталните лекарски анализи, потврдена е тешка повреда на коленото. Тоа значи дека младиот голман ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на оваа сезона.
Перин го пропушти изминатото Европско првенство во Франција поради повреда на лигаментите, а ова е нов удар за тимот од Џенова, која ќе се обиде во зимскиот преоден рок да доведе нов чувар на мрежата..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА