Кошаркарот на Анадолу ефес, Зоран Драгиќ, ги скина лигаментите на истото колено кое го повреди минатата сезона носејќи го дресот на Олимпија Милано. Драгиќ се повреди за време на финалната пресметка против Тофаш во турскиот Куп кој Ефес го осови, и до крајот на оваа сезона ќе биде во „аут“.
Повредата за Анадолу значи голем хендикеп, бидејќи Словенецот се повеќе се подобруваше со своите настапи, а неговото искуство ќе недостига за останатите мечеви од Евролигата. Во елитното европско натпреварување Драгиќ бележеше просек од 10.6 поени и 2.7 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА