Заврши суспензијата на Синер: Добро се одморив…

Најдобро рангираниот тенисер на светот, Јаник Синер по тримесечната суспензија поради допинг се враќа на теренот со настап на мастерсот во Рим каде како што вели нема големи очекувања.

Италијанецот цели на воигрување и подигнување на формата со цел успешен настап на следниот грен-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

„Не очекувам многу од овој турнир. Целта ми е да сум подготвен за Париз. Не сум тука за да победувам, туку да пробам да го минам првиот меч па потоа да видам што ќе се случи. Тешко ми е веднаш да влезам во ритам. Многу сум мирен, физички и психички добро се чувствувам. Одморив па тоа може да ми се исплати на крајот на сезоната“, вели Синер.

Се вчитува...