Заврши циркусот во Букурешт: Романија славеше против Косово (ВИДЕО)

Романија го совлада Косово со 2-0 во квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Фудбалот на овој меч беше во втор план, откако на самиот старт домашните ултраси извадија транспарент „Косово е срцето на Србија“ по што мечот беше прекинат.

По едночасовна пауза натпреварот продолжи, а единствено за издвојување од првото полувреме е црвениот картон на Муричи во 43. минтуа. Домаќините до водство од 1-0 стигнаа во самиот финиш на мечот со погодокот на Станку во 83. минута. Истиот фудбалер во 59. минута не реализираше пенал. Конечните 2-0 беа дело на Михаила во 93. минута.

Vedat Muriqi (Kosovo) second yellow card against Romania 42'
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...