Заврши уште една трансфер-сага: Осимен потпиша за Галатасарај

Виктор Осимен и дефинитивно ќе продолжи да ги брани боите на Галатасарај откако турскиот гигант вечерва го официјализираше трансферот на голгетерот, со што заврши уште една трансфер-сага што траеше со месеци.

Наполи се обидуваше да го продаде Осимен во Саудиска Арабија, но фудбалерот инсистираше на останување во Европа, притоа избирајќи го токму Галата за нов клуб по успешната позајмица во текот на ланската сезона. Клубовите долго преговараа, Де Лаурентис не даде никаков попуст, за на крајот коечно да биде постигнат целосен договор.

Осимен пристигна во Истанбул, за вечерва да биде објавено официјално дека Виктор Осимен и во новата сезона ќе биде најголема ѕвезда во турската лига. Наполи ќе добие 75 милиони евра плус 10% од следниот трансфер на Нигериецот.

Осимен според четиригодишниот договор ќе има плата од 15 милиони евра по сезона, плус дополнителни пет милиони евра годишно од имиџ-правата за рекламите што ќе ги снима за клупските спонзори.

Се вчитува...